Фото: Принтскрин/Јутјуб PowerfulJRE

Дали Трамп ќе го помилува Сноуден? Некогаш беше „предавник“, но претседателот повторно го смени мислењето

Гласините околу тоа дали Доналд Трамп ќе го помилува Едвард Сноуден – откако американскиот претседател рече дека свиркачот кој изнесе доверливи информации во 2013 година „не се третира праведно“ – само растат.

До коментарот дојде откако републиканскиот конгресмен од Кентаки Томас Меси изненадно се повика на претседателско помилување за Сноуден. Меси, „твитуваше“ дека Трамп би требал да му прости на 37-годишниот Сноуден, пишува Гардијан.

Сноуден е бивши вработен во Националната безбедносна агенција кој откако издаде доверливи информации побегна за Хонгконг, а потоа во Москва за да не биде испорачан во САД. Од тогаш тој престојува во Русија. Неговото издавање на податоци предизвика скандал заради откривање на масовно прислушкување на луѓе во САД и странство. Сноуден стана херој за либералците, но непријател на оние кои тоа го гледаат како предавство.

И Трамп неодамна го спомена Сноуден, во интервју за Њујорк пост, а изјавата на претседателот ги рефлектираат неговите значајно подобри ставови за човекот кој некогаш го сметаше за „предавник“.

– Постојат многу луѓе кои мислат дека Сноуден не се третира праведно… Многу луѓе се на негова страна. Не го знам, никогаш не сум го запознал, но многу се на негова страна, рече Трамп.

Трамп за време на својот мандат помилува или ги поништи пресудите за некои контроверзни личности, вклучувајќи го и долгогодишниот сојузник Роџер Стоун, кој го извлече од 40-месечна казна затвор заради злосторства насочени за помош на кампањата на Трамп. Го помилува и анти-имигрантскиот шериф од Аризона, Џо Арпаја заради кривична казна за непочитување на судот.

Во 2016 година беше покрената петиција за тогашниот претседател Барак Обама да го помилува Сноуден, пишува Гардијан. Кампањата, организирана од страна на Американската унија за граѓански слободи, Хјуман рајтс воч и Амнести Интернешнл вклучи петиција која ја потпишаа технолози, професори по право и славни личности.

Сноуден на прес-конференција преку видео линк им се заблагодари на организаторите и наведе дека неговата судбина ќе има големи последици.

„Ако сакаме да одржиме слободно општество за време на следниот век, ќе мораме да се осигураме дека свиркачите можат повторно да делуваат, и тоа безбедно, како проверка на идна злоупотреба на власт, рекол тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот