Илустрација / Фото: Aaron Amat / Alamy / Profimedia

Не фрлајте ја кутијата од јајца: Шест корисни начини како да ја употребите

Откако ќе ги потрошите јајцата, не фрлајте ја кутијата, од причината што истата може да ја искористи за многу нешта. Ова се само неколку предлози, но вие размислете за што уште може да ја искористите.

Собирач на влага

Нема ништо полошо од фрлање на ќесето со отпадок, додека од неа по целиот дом тече валкана течност. Затоа, на дното на новото ќесе ставете ја картонската кутија од јајцата. Само исечете ја кутијата според форма на кантата за отпадоци, добро згмечете ја, а таа ќе ја собере сета течност што ќе истече од отпадокот.

Подметнувач за обувки

Мокрите и нечисти обувки како последица на дожд и снег, се наше секојдневие. Па, колку и да ги бришете обувките од чергата пред врата, тие секогаш ќе бидат по малку мокри. Затоа најдобро е обувките да ги ставите да се сушат на големите картонски кутии од јајца. Можеби ваквиот начин не изгледа многу естетски, но штом ќе ги исушите обувките, веднаш тргнете ги картоните.

Скривалиште за ситнурии

Сигурно ви е добро познато дека дури и да имате десетици фиоки, повторно нема да знаете каде да ги ставате ситниците. Копчиња, бисерчиња, конец, ситни монети, шноли, стегачи… сето тоа можете да го сортирате во кутија од јајца. Во овој случај можете да бидете и креативни и да ги обоите кутиите во златна или сребрена боја со спреј, па можете и да ги исложите на некоја полица или ставете ги во некоја од оние десетици фиоки.

Палета за бои

Картонските кутии можат добро да ви послужат како палета за темперни бои, било за вас или за вашето дете.

Саксии за расад

Исечете го капакот, наполнете го секое лежиште со земја и ставете семе. Кога билката ќе потера, тогаш пресадете ја. Дури можете да ја пресадите сосе картонот, затоа што тој секако ќе се разгради. Само, внимателно залевајте ја пред тоа, за картонот да не се распадне.

За потпалување на скара

А може и за камин, ако ја имате таа среќа. Едноставно искинете го картонот и исечкајте го на парчиња, ставете измеѓу дрва или јаглен. Сепак, бидете крајно внимателни додека го правите тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот