Фото: Рexels-mdmmikle

Дали Србија воведува подолго породилно отсуство?

Во тек е интензивна изработка на новиот Закон за работни односи, а министерката за труд, вработување и социјални работи, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, објави дека законот ќе биде пофлексибилен кон семејните потреби. Се очекуваат значајни промени што ќе го олеснат усогласувањето на кариерата и семејниот живот.

Една од клучните иновации што се разгледува е воведувањето флексибилно работно време за родителите на деца со развојни пречки. Министерката објасни дека работодавачот треба да ги препознае спецификите на ситуацијата и да му дозволи на вработениот да работи пократко работно време, со пропорционално намален надомест, со цел да се воспостави подобра рамнотежа помеѓу кариерата и грижата за децата. Овие одредби би можеле да се применат и на родители со повеќе деца – објави Каматица.

Покрај флексибилното работно време, се разгледува и можноста породилното отсуство да се продолжи, односно да биде подолго од она што моментално е пропишано со закон.

Министерката Ѓурѓевиќ Стаменковски зборуваше и за Законот за родители-старатели, нагласувајќи дека одржала четиричасовен состанок со родителите за решавање на нивните проблеми. Таа истакна дека државата вложува напори да најде решение. Во таа прилика, мајките се пожалија дека одредени локални самоуправи не им даваат соодветна поддршка на родителите-старатели, и покрај фактот дека имаат средства издвоени за оваа намена во своите буџети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот