Дали Русија манипулираше со податоците за вакцината Спутник V?

epa08675841 A Russian medical worker displays a trial vaccine against COVID-19 in a post-registration phase of the test at outpatient hospital number 68 in Moscow, Russia, 17 September 2020. Russia registered the new vaccine called 'Sputnik V' against Coronavirus Sars-Cov-2 and opens the stage of its massive testing. EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Според меѓународните експерти, нумеричките обрасци на нивото на антитела во крвта и кај „Т-клетките“ не можат да бидат случајност.

Барањата за вакцината против коронавирусот се целосно јасни: таа мора да биде ефикасна, безбедна, прифатлива и брзо достапна. Овие основни критериуми важат, без исклучок, за сите истражувачи кои работеа на вакцината со месеци и под огромен притисок.

Меѓународната јавност исто така беше згрозена кога Русија ја лансираше првата вакцина Спутник V, повеќе или помалку во средината на август – иако воопшто не е тестирана клинички и не се извршени безбедносни тестови.

Истите откритија кај различни пациенти?

Сепак, постојат сè поголеми индикации дека основните податоци за вакцините биле грубо изманипулирани. Во отвореното писмо во стручното списание „Лансет“, над 40 истражувачи од Европа, САД, Канада, но и Русија ја доведуваат во прашање веродостојноста на податоците.

Особено забележливи се повторувачките нумерички обрасци, кои се обележани со отвореното писмо. Иако различни субјекти примале сосема различни форми на вакцина, сите тие имале точно исто ниво на антитела во крвта во различни денови.

Исто така, фактот дека вредноста на т-клетките кои се борат против САРС-КоВ-2 треба да биде идентична кај сите субјекти, според меѓународните експерти, не може да биде чиста случајност. Од статистичка гледна точка, резултатите се многу неверојатни и всушност сè е многу повеќе како манипулација – оценува познатиот експерт за микробиологија Енрико Бучи.

-Тоа е како да фрлате коцки и да добивате точно исти броеви секој пат- изјави Бучи за „Москва Тајмс“.

Што е познато за руската вакцина?

Серумот Gam-COVID-Lyo кој се користи во вакцината Спутник V е таканаречена векторска вакцина, развиена во Институтот за епидемиологија Гамалеја во Москва. За ваква векторска вакцина, се отстрануваат гените на опасните болести и останува само еден вид на транспорт на вируси, што медицинските лица го нарекуваат „вирусен вектор“. Овие безопасни вектори содржат и генетски материјал со соодветни упатства за градба, што кај вакцините САРС-КоВ-2 одговара на генот на коронавирусот.

Телото на вакцинираното лице го препознава вметнатиот генетски материјал како туѓо тело и произведува антитела и специфични Т-клетки против овие антигени. Така, антигенот се произведува од клетките на вакцинираното лице.

Ако се користат познати вектори, се заштедува времето во кое се тестира нивната безбедност. Како и да е, векторските вакцини секогаш можат да предизвикаат несакани ефекти, кога имунолошкиот систем ги напаѓа векторите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот