Дали промајата навистина може да нè убие? Еве што вели медицината

И покрај загушливите простории, поединци не дозволуваат да влезе малку воздух ако во исто време се отворени и прозорецот и вратата. Сето тоа поради стравот од „страшната“, но невидлива појава – промајата, на која ѝ се припишуваат вкочанетоста, воспаленијата, главоболките.

Под промаја се смета циркулирање на воздухот меѓу два спротивно поставени прозорци или прозор и врата. Меѓутоа, брзата циркулација на воздухот има сосема ист ефект и на друго место. Значи, нашето тело не ја препознава промајата, туку само струењето на воздухот.

„Дали негативно ќе влијае на нашиот организам зависи од многу фактори, меѓу кои пресудно влијание има загреаноста на телото, надворешната температура и влажноста на воздухот. Промајата, односно забрзаното струење на воздухот може да доведе до нагло разладување, промена во циркулацијата на мускулите и појава на болка како последица. Болките обично се јавуваат во пределот на вратот, кој е најизложен на струењето на воздухот. Може да дојде и до парализа на нервот на лицето, сметаат некои невролози. Промените на изложените делови на телото најдобро можат да се забележат при работа на клима уреди, доколку сте директно изложени“, објаснува специјалистот по интерна медицина, д-р Ивица Јеремиќ за Информер.

Прочитајте и...  Ја враќа вашата кожа децении наназад: Маска за лице која е посилна од ботокс! (РЕЦЕПТ)

Сепак, експертите сметаат дека често стравот од промајата е претеран.

„Јас имам обичај да им кажам на пациентите дека оние што се плашат од промаја умираат од рак на белите дробови. Во многу згради од градежниот материјал се ослободува радиоактивниот гас радон кој е поврзан со настанување на ракот на белите дробови. Неговата концентрација се намалува единствено со редовно проветрување на просториите. Исто така од мебелот се ослободуваат мали количини органски соединенија кои се потенцијално токсични, вели Јеремиќ.

Меѓутоа, неопходно е да се направи промаја за просторот да се исчисти, како во лето, така и во зима.

„Респираторните инфекции не се добиваат со настинка од ладен воздух како што обично се мисли, туку со престој во затворен непроветрен простор во кој расте концентрацијата на инфективните микроорганизми“, смета Јеремиќ.

Прочитајте и...  Камерон Дијаз после бракот се откажа од глумата, но сега има нов начин на кој заработува! (ФОТО)

Докторот исто така наведува дека лицата кои боледуваат од некои хронични дегенеративни ревматски болести се почувствителни на ваквото струење на воздухот.

Прочитај повеќе

Стил на неделата: Илина Арсова, планинарка, алпинистка и ликовна уметница

Ј.К.Д

Кој е всушност принцот Филип? Од тешко детство, бројни скандали до влез во 100-та година од животот

Слободен печат

Ипанема, eдна од најсекси плажите на светот

Слободен печат

Сонувавте дека се бакнувате? Во зависност од сонот еве што може да значи

Слободен печат

Камерон Дијаз после бракот се откажа од глумата, но сега има нов начин на кој заработува! (ФОТО)

Слободен Печат

Дневен хороскоп за 11.07.2020: За Овенот ќе има убави промени, а Ракот ќе запознае многу драгоцена личност

Слободен Печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Виц на денот – Одмор од работа

Слободен печат

Мора да го подготвите за вашите најблиски: Домашен леб со билки!

Васко Спасоски

Антониа Гиговска: Спокојот на Пелистер ме подготвува за нови музички дела

Слободен печат

Дознајте зошто не треба да ги фрлите семките од лимон!

Васко Спасоски

Познатата терапевтка советува: Во овој случај подобро е да го сокриете неверството!

Слободен печат

Џеј Ло со храбра спортска комбинација максимално ги истакна своите облини! (ФОТО)

Слободен Печат