Фото: Profimedia

Дали петок 13-ти е навистина несреќен: Врската помеѓу суеверијата, однесувањето и човековото здравје

Верувањето дека петок 13-ти е несреќен ден е толку распространето што дури и научниците сериозно ја сфатиле оваа тема. Сепак, заклучоците од нивните истражувања се различни, пишува „Политика“.

Во научното списание „Бритиш медикал џурнал“, во 1993 година, бил објавен труд со наслов „Дали петок 13-ти е лош за вашето здравје?“.

Целта на истражувањето било да се утврди врската помеѓу здравјето, однесувањето и суеверието во регионот на Југозападна Темза во Лондон, Велика Британија. Научниците го разгледале бројот на возила на автопатите, бројот на купувачи во супермаркетите и приемите во болница по несреќи. Биле споредени податоци од петок 6-ти и од петок 13-ти во месецот. Резултатите од истражувањето покажале дека на автопатите на петок 13-ти имало значително помалку возила отколку на петок 6-ти.

Бројот на купувачи во супермаркетите не се разликувал во двата споредени дена, меѓутоа, приемите во болница поради сообраќајни незгоди значително биле зголемени на петок 13-ти. Од октомври 1989 година до ноември 1992 година, имало 45 сообраќајни несреќи што се случиле на петок 6-ти, додека во истиот период имало 65 сообраќајки што се случиле на петок 13-ти.

Понатамошното истражување за сообраќајните незгоди покажало дека ризикот да бидеш примен во болница по сообраќајна несреќа може да биде дури 52 отсто поголем во петок 13-ти отколку на петок 6-ти.

Затоа научниците советувале да се остане дома на овој „несреќен“ датум.

Истражувањето со наслов „Одговор на митот: итна употреба на петок 13-ти“, објавено во „Националната медицинска библиотека“ во 2012 година, исто така, ја разгледало проценката на ризикот од петок 13-ти, според бројот на посети на Итната медицинска помош по сообраќајни незгоди. Сепак, ова истражување дало поразлични заклучоци од претходното.

Истражувачите во оваа втора студија ги разгледале табелите со посети на итни случаи на секој петок 13-ти, помеѓу 13 ноември 2002 година и 13 декември 2009 година, и ги споредиле тие резултати со петокот пред и потоа, како и со месецот пред и по петок 13-ти.

Заклучокот бил дека нема разлика во приемот на повредени лица од сообраќајни несреќи во Итната помош кога е петок 13-ти во прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот