Фото: pexels-josh-willink

Дали некој ви го скршил срцето и ве променил засекогаш? Овие 6 особини ги красат луѓето чие срце некогаш било „скршено“

Доколку некој ве повредил толку многу што ве променил засекогаш, веројатно ги поседувате овие шест особини кои ги стекнува личност чиешто срце било скршено. На животниот пат среќаваме многу луѓе, а некои од нив можат да бидат причина за нашата болка, порази и разочарувања. Иако одредени односи можат да бидат тешки и болни, токму тие најмногу нè учат.

Иако ги паметиме луѓето што оставиле светла трага во нашите души и срца, уште подолго ги паметиме оние кои нè повредиле и оставиле во „парчиња“. Тие луѓе нè промениле засекогаш. Беше тешко, го почувствувавме вкусот на разочарувањето, но научивме лекција и продолживме понатаму.

Доколку имате слично искуство, знајте дека било неопходно за да пораснете. Луѓето на кои им било скршено срцето добиваат нови особини и сили, кои ги дефинираат како силни личности.

Овие 6 особини ги имаат само оние што преживеале скршено срце:

1. Знаете дека љубовта е двонасочна улица

За врската да функционира, потребни се двајца. Сега знаете колку е важно и двете страни да се трудат и да го градат односот – во спротивно, само еден ја троши својата енергија.

2. Ги знаете своите граници и сте способни за компромис

Лошото искуство ви ги исцртало границите. Сега точно знаете што никогаш повеќе нема да дозволите некој да ви направи. Ја научивте лекцијата засекогаш и нема повторно да ја направите истата грешка.

3. Знаете што е вистинско предавство

Свесни сте дека во светот постојат токсични луѓе подготвени на сè. Сега знаете дека таквите не заслужуваат да бидат дел од вашиот живот.

4. Знаете дека понекогаш е подобро едноставно да си заминете

Кога ќе пробате сè и ништо не се менува, кога не дозволувате некој повторно да ве понижува, навредува или гневи – тогаш е време да си одите. Без чекање, без трошење време и енергија. Точка.

5. Знаете што не сакате во животот и во љубовта

Точно знаете што очекувате и што сакате од партнерот. Можете да ја „прочитате“ личноста зад изгледот и шармот, и не им давате шанса на манипулаторите.

6. Знаете дека вашето благосостојба е приоритет

Врската со токсична личност ве натерала да сфатите колку е важно да се сакате и негувате себеси – токму такви какви што сте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот