Дали Мареј знае нешто што другите не го знаат: Новак најверојатно е вакциниран

Ѓоковиќ смета прашањето дали е вакциниран е приватна работа/ фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Шпекулациите околу настапот на Новак Ѓоковиќ на претстојниот Австралија Опен, не стивнуваат, а во расправата се вклучи и поранешниот прв светски рекет, Енди Мареј.

Сојузната австралиска држава Викторија во која се наоѓа Мелбурн, градот каде се игра Австралија Опен, донесе одлука настап на грен слем турнирот да имаат само вакцинираните тенисери и тенисерки.

Од друга страна, Новак Ѓоковиќ не открива дали е вакциниран или не, притоа во неколку наврати напомена дека тоа е приватна работа и нема намера да зборува во јавноста.

Сега, Мареј се вклучи во шпеклациите околу настапот на Ѓоковиќ на Австралија Опен и тој смета дека српскиот тенисер е вакциниран и ќе игра на грен слем турнирот.

– Не знам каква е ситуацијата со Новак, но последно што видов е дека се наоѓа на листата на пријавени тенисери за Австралија Опен. Во врска со тоа, претпоставувам дека е вакциниран. Правилата на сите ни беа кажани, а тие се дека ако сакаш да играш – тогаш мора да се вакцинираш. Поради тоа претпоставувам дека Новак е вакциниран – изјави Мареј.

Британскиот тенисер смета дека целта на секој организатор на турнир е на него да учествуваат најдобрите играчи.
– На крајот на краиштата, сите сакаме најдобрите играчи да настапат на најголемите турнири. Токму тоа ги прави интересни турнирите, а Новак се обидува да го собори рекордот, да дојде до 21 грен слем титула. Има фантастичен скор во Мелбурн и се надевам дека ќе биде таму – додаде Мареј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот