Фармерки - Фото: Teamarbeit, Panther Media GmbH / Alamy / Profimedia

Дали ги перете фармерките премногу често? Еве кога е најидеално време да ги исперете

Ако сте како повеќето луѓе, веројатно ги перете фармерките на погрешен начин и тоа може да го оштети вашиот омилен пар.

Фармерките се парче  облека што може да се носи во различни пригоди, а ако инвестирате во квалитетен пар, тие можат да ви траат со години. Но, за да се обезбеди долговечноста за која се дизајнирани да траат, постои едно важно правило што треба да го следите кога ги перете.

„Ливајс“ е познат бренд низ целиот свет по своите тексас производи, а поранешниот извршен директор Чарлс Берг еднаш рекол дека никогаш не ги пере фармерките на конвенционален начин. Наместо тоа, тој најчесто само ги чисти дамките.

– И кога моите фармерки навистина треба да се перат, го правам тоа на старомоден начин: ги перам рачно и ги сушам на воздух – рекол Берг.

Причината за ова е да се зачува интегритетот на тексасот, неговиот облик, боја и долговечност.

Колку често треба да ги перете фармерките?

Според упатствата за нега треба да ги перете фармерките не повеќе од еднаш на секои десет носења. Компанијата наведува дека „прекумерното перење може да предизвика фармерките да ја изгубат својата форма“ и препорачува да се перат поретко за да се „одржи правилниот крој и да се намали истегнувањето“. Доколку треба да се освежат помеѓу перењата, тие препорачуваат користење на влажна крпа или стара четка за заби со благ сапун за отстранување на помали дамки.

Правилен начин на перење

Експертите за тексас наведуваат три опции за перење: перење во машина, рачно чистење или хемиско чистење. Сепак, тие истакнуваат дека хемиското чистење е непотребно и рачното перење често е непрактично. Затоа, машината за перење е најзгодното решение ако следите неколку едноставни чекори.

Најдобро да ги перете фармерките наопаку за да ја заштитите бојата од бледнеење. Исто така, затворете го патентот за да ја одржите формата и користете деликатен циклус со ладна вода за да избегнете оштетување на ткаенината, собирање или бледнеење.

За темно сини или црни фармерки, се препорачува благ детергент за темни бои. По перењето, треба да го прескокнете сушењето, бидејќи може да го оштети тексасот. Наместо тоа, експертите препорачуваат да ги закачите фармерките да се исушат или да ги поставите на рамна површина. Ова ја зачувува нивната форма и помага да се избегне можно собирање или искривување на ткаенината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот