Дали демократските конкуренти и Трамп ја лоцираа „слабата точка“ на Сандерс?

Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Берни Сандерс, водечкиот демократ номиниран за претседателски кандидат, делумно ја бранеше кубанската револиуција на Фидел Кастро, тврдејќи дека е „неправеднод да се каже оти се тоа било лошо“, во врска со начинот на кој покојниот кубански лидер ја водел земјата.

– Ние се противиме на авторитарната природа на Куба, но знаете, не е фер да се каже дека се тоа било лошо. кога Кастро стапил на функција, спровел масовен програм за описменување. Дали тоа е лошо иако Кастро го направил? – изјави тој.

Овој коментар, кој сигурно би можел да оддалечи некои умерени демократи меѓу гласачите, следуваше како одговор на прашањето за ставот кој Сандерс го изнел во осумдесетите години. Сенаторот од Вермонт тогаш оценил дека кубанскиот народ не му се спротиставил на Кастро поради доброто образование и здравство.

Сандерс, кој е самопрогласен демократски социјалист, го зацврсти својот статус како човек кој кај демократите има најголеми шанси да му се спротистави на актуелниот претседател Доналд Трамп на претстојните избори. Неговите ривали во демократскиот табор како едвај да дочекаа да го нападнат поради новата изјава.

– По четири години гледање како Трамп се спријателува со диктатори, потребен ни е режим кој остро ќе се бори против режимите кои ги кршат човековите права во странство – напиша на Твитер Пит Бутиџиџ, а слично реагираа и останатите номинирани демократи.

Локалните медиуми во Вермонт исто така известија дека Сандерс во 1989 година, како тогашен градоначалник на Бурлингтон, ја посетил Куба кадешто се сретнал со колегата од Хавана. По враќањето, го фалел влијанието на револуцијата на Кастро во земјата.

Сандерс, како што пишуваат американските медиуми, веќе покажал дека е „слаб“ на јужноамериканските владетели. Минатата недела не успеја да даде директен одговор на прашањето дали Хуан Гваидо го смета за легитимен претседател на Венецуела.

Во својот одговор Сандес избегна да го поддржи Гваидо, а потоа внимателно додаде дека меѓународната заедница треба да осигури фер и слободни избори во Венецуела.

– Дали Николас Мадуро е диктатор? Дали треба да си замине? – употрен бил новинарот, но Сандерс одбил да го претстави како авторитарен лидер.

Ниту ова не е првпат Сандерс внимателно да ги бира зборовите кога се во прашање деспотските левичарски режими во Јужна Америка, констатираат медиумите. По враќањето од Никарагва, во осумдесетите години го бранел тогашниот претседател на оваа земја, Даниел Ортега.

Меѓу американските новинари е познато дека Сандерс станува нервозен и нетрпелив кога го прашуваат за неуспехот на јужноамериканскиот социјалистички експеримент, пишува „Слејт“.

Сепак, според констатациите на американските медиуми, сосема е можно демократското гласачко тело да не се грижи за овие ставови на Сандерс. Капитализмот станува се понепопуларен меѓу младите демократски гласачи, од кои поголемиот дел позитивно го оценуваат социјализмот.

Меѓутоа, иако на миленијалците и на прогресивните гласачи би можел да им се допадне социјализмот на Сандерс во времето на нееднаквост и социјална неправда, тоа би можело да ги отфрли постарите и поконзервативни гласачи.

Ако стане демократски претседателски кандидат, старите снимки на кои Сандерс ги фали јужноамериканските социјалисти сигурно повторно ќе испливаат на површина. А Трамп, американскиот претседател за кој Сандерс се надева дека ќе го наследи, ќе биде повеќе од среќен ноемвриските избори да ги претвори во своевиден референдум за социјализмот во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот