Брикенсток влечки - Фото: Инстаграм

ФОТО | Дали би носеле влечки на сопствената свадба? Нова невестинска колекција го менува правилото за штикли

Кога станува збор за невестинската мода, името Даниел Франкел (Danielle Frankel) е неизбежно. Брендот, кој се издвојува во морето од бели, долги венчаници што се носат во моментот кога се изговара судбоносното „да“, неодамна ја претстави својата нова колекција. Меѓу бројните креации што воодушевуваат и потсетуваат дека сезоната на венчавки е поблиску отколку што мислиме, особено внимание привлече соработката со култниот бренд Брикенсток (Birkenstock).

Брикенсток влечки – Фото: Инстаграм

Доколку сте љубител на Брикенсток обувките, веројатно барем еднаш сте посакале токму тие да бидат вашиот избор за интимна венчавка. Сега тоа е и официјално можно. Двата реномирани бренда ги здружија силите и лансираа пет ексклузивни модели кои совршено ја комбинираат удобноста со невестинската естетиката.

Високите потпетици не се омилен избор за многу жени, па кога станува збор за еден од најзначајните денови во животот, удобноста и изгледот одат рака под рака. За сите што не сакаат штикли, а се обожаватели на Брикенсток, Даниел Франкел нуди идеално решение. Новата линија вклучува пет модели кои беспрекорно се вклопуваат со венчаниците од актуелната колекција.

Брикенсток влечки – Фото: Инстаграм

Неколку од моделите ја задржуваат препознатливата Брикенсток силуета со отворени прсти, обложени со сатен и изработени во елегантна бела боја. Посебен интерес предизвикаа и кломпите со исцртан цветен мотив, кои совршено се надоврзуваат на една од венчаниците со балон-силуета од колекцијата.

Овие модели не се резервирани исклучиво за венчавки – лесно можат да се комбинираат и со други парчиња облека. Одлично изгледаат со елегантни комбинации и долги панталони, но се подеднакво практични и за секојдневни пригоди. Бидејќи станува збор за лимитирана колекција, заинтересираните ќе треба да побрзаат.

Посебно се издвојува моделот украсен со ситни бисери од страните, кој на суптилен начин може да го надополни речиси секој невестински изглед. Моделите се достапни на официјалните веб-страници на брендовите, но голем дел од броевите веќе се распродадени. Даниел Франкел уште еднаш потврди зошто важи за едно од водечките имиња во светот на невестинската модата и зошто од самиот почеток доминира на пазарот.

Брикенсток влечки – Фото: Инстаграм
Брикенсток влечки – Фото: Инстаграм
Брикенсток влечки – Фото: Инстаграм
Брикенсток влечки – Фото: Инстаграм

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот