ВИДЕО | Далеку од очите на јавноста: Синот на Ози Озборн откри како изгледале последните денови на рок-легендата
Џек Озборн, синот на Ози Озборн, откри како изгледале последните денови од животот на неговиот татко. Во едно неодамнешно гостување тој изјавил дека последниот ден на Ози бил сосема вообичаен, иако се борел со здравствени проблеми.
Препорачано
Озборн почина на 22 јули 2025 година, а неговото семејство тогаш сподели емотивна изјава.
„Со тага поголема отколку што зборовите можат да опишат, мораме да ве известиме дека нашиот сакан Ози Озборн почина утрово. Беше опкружен со своето семејство и љубов“, наведоа тие.
Џек Озборн појасни дека утрото кога починал неговиот татко немало ништо драматично.
„Беше буден, ги правеше своите вообичаени работи, појадуваше и тоа беше тоа“, рече тој.
Иако сите знаеле за здравствените проблеми на Ози, Џек вели дека неговата смрт била изненадување.
„Сите знаеја дека е болен, но се подготвуваше за последниот настап на „Black Sabbath“, многу вежбаше и се движеше. Беше полн со енергија. Не очекувавме дека тоа ќе се случи толку брзо. Мислам дека едноставно му беше доста. Верувам дека до одреден степен имаме избор“, порача тој.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
24мин
-
5час
-
6час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


