Дајмлер ќе плати 1,5 милијарди долари за скандалот со тестовите

Германскиот производител на автомобили „Дајмлер” и неговата подружница „Мерцедес-Бенц САД” се договорија со американските власти да платат 1,5 милијарди долари за повлекување на тужбите поднесени за измама на тестовите за издувни гасови.

Договорот вклучува и парична казна од 875 милиони долари.

– Денеска испраќаме јасна порака: ќе го спроведуваме законот и ќе ги заштитиме животната средина и јавното здравје, рече претставникот на Агенцијата за заштита на животната средина на САД, Ендру Вилер, на прес-конференција.

„Дајмлер”, заедно со „Фолксваген”, се најде во група производители на автомобили обвинети за кршење на прописите за загадување на животната средина и измама на тестови за издувни гасови за дизел возила за да се намали резултатот од штетните емисии.

Договорот со Министерството за правда на САД предвидува и независно тестирање на емисиите на штетни гасови од дизел моторите на „Дајмлер”. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот