„Дафт Панк“ се разделуваат по 28 години

Instagram

Електронското дуо „Дафт Панк“ потврдија дека се разделуваат по заедничката кариера од 28 години.

Париското дуо за кое се смета дека е едно од највлијателните во електронската музика, ја потврди веста во новото осумминутно видео наречено „Epilogue“ кое содржи снимки од нивниот научно-фантастичен филм „Electroma“ од 2006 година.

На видеото се гледа дуото составено од Томас Бангалтер и Гај-Мануел де Хомем-Христо како шетаат низ пустината во нивните препознатливи кациги и кожни јакни.

Нивната долгогодишна публицистка Кетрин Фрејзер официјално ја потврди веста. Причината за нивната разделба треба допрва да се потврди.

Песните „Around the World“ и „Da Funk“ од нивниот деби-албум од 1997 година насловен „Homework“ им овозможија на дуото да го развие звукот на француската хаус музика на меѓународната сцена. Тие се вратија четири години подоцна во 2001 година со „Discovery“.

„Дафт Панк“ оставија белег на светската музичка сцена и успешно ја задржаа својата анонимност и мистериозна слика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот