Дачиќ: Полицијата има звучен топ, го има во кутии во магацин, несмасна беше изјавата дека го немаме
Српскиот министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ за „Данас“ потврди дека полицијата сепак поседува звучно оружје, т.н. „звучен топ“, и дека овие системи се купени во 2021 година и се во сопственост на српското МВР.
Препорачано
-Овие системи се во нашите магацини во кутии. Тие се во сопственост на Министерството за внатрешни работи, но не се пуштени во употреба, ниту се поставени на некое од нашите возила или системи“, изјави Дачиќ за Данас.
Сепак српскиот министер појасни дека тоа било лоша инвестиција за полицијата.
-Тоа беше неуспешна инвестиција. Во тоа време веројатно се мислеше дека ќе биде усвоен нов Закон за полиција кој ќе предвиди употреба на звучно оружје како уште едно средство за принуда“, вели тој.
Дачиќ немаше конкретен одговор кој ќе одговара за „пропаднатата инвестиција“ и потрошените пари на сите граѓани.
„Не знам, тогаш не бев министер за полиција“, рече Дачиќ.
Инаку, денеска на седницата на собраниската Комисија за безбедност, Ивица Дачиќ одговарајќи на прашање на Мирослав Алексиќ рече дека тамошното МВР сепак располага со звучен топ од американската компанија Џенесис, „ЛРАД 100 – Х“.
Српскиот министер за внатрешни работи појасни ова оружје никогаш не се нашло на списокот на оружја што го користи тамошната полиција.
-Не е користен и нема да се користи, бидејќи за тоа треба да се даде наредба“, рече Дачиќ и додаде дека тоа е наједноставната алатка што постои.


