Дачиќ: Полицијата го лиши од живот двојниот убиец од Тополница кај Мајданпек
Припадниците на Специјалната антитерористичка единица (САЈ) на Србија вчера неутрализираа двоен убиец од селото Тополница, кај Мајданпек, во Источна Србија, изјави министерот за внатрешни работи на земјата, Ивица Дачиќ.
Препорачано
Во соопштението на МВР се наведува дека П.П. (1935) во тоа село со пушка го убил брачниот пар Р.Ј. (1955) и Р.Ј. (1956), а повредено било лице со иницијали М.Н. (1965).
„И покрај обидите за преговори и фрлањето солзавец и шок-бомбите, лицето не сакало да се предаде, туку со пушка во рака се соочил со полицијата“, изјави Дачиќ.
„После тоа, во согласност со Законот, припадниците на Специјалната антитерористичка единица му го одзедоа животот“, рече Дачиќ.
Медиумите во Србија претходно објавија дека имало пукање во селото Тополница кај Мајданпек, а напаѓачот е во бегство.
Министерството за внатрешни работи на Србија засега не соопштува детали за мотивите за убиството.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
6час
-
6час
-
6час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


