Да се биде или не за ракометарите

Ракометарите вечерва против Австрија го играат клучниот натпревар за пласман во втората фаза.

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (18.15 ч. ТВ Телма) против Австрија го игра последниот натпревар од третото коло во Групата Б. Натпреварот за избраниците на селекторот Данило Брестовац е да се биде или не само победа не носи во следната фаза. Нерешен исход вечерва ќе не натера да ги држиме палците и да навиваме за отпишаната Украина во дуелот со Чешка, додека пораз не враќа дома.

фото: men2020.ehf-euro.com/Uros Hocevar

Во мислите на ракометарите е само едно, тие сами си ја кројат судбината.
– Ова е натпревар да се биде или не за нас. На овој меч ќе видиме кои сме и што сме, верувам дека можеме да одиграме квалитетно и да победиме. Мислам дека и против Чешка не одигравме лошо, но на вакви натпревари разликата ја прават ситници, а токму тие ситници му ја донесоа победата на противникот. Ова е европско првенство, мотивација никогаш не ни недостига – вели големиот борец, Стојанче Стоилов.

Вечерашниот противник во првите две кола оствари две неубедливи победи, иако играше пред своите навивачите. Во првиот натпревар ја совлада Украина со 34:30, додека во второто коло беше поуспешна од Чешка со 32:29.

Играта на австриската репрезентација во најголема мера зависи од двајца ракометари, Никола Билик и Јанко Божовиќ. Двајцата ракометарите на првите два натпревари постигнаа 36 гола од вкупно 66 кои ги даде австриската репрезентација.

фото: men2020.ehf-euro.com/Uros Hocevar

– Божовиќ и Билик ќе шутнат 30 пати без разлика колку ќе погодат, бидејќи едноставно им е дадена толкава слобода од селекторот. Тоа што е најважно за нас е да ги запреме нивните крила и пивотот, да не дозволиме да влезат во ритам како Вебер против Украина, кога овој крилен ракометар даде осум гола без ниту едно промашување. Ако успееме во тоа, имаме големи шанси да стигнеме до посакуваниот резултат. Сите знаеме дека овој натпревар е мало финале за нас, да се биде или не.

Подготвени сме да одиграме со една репрезентација која квалитативно не е подобра од нас. Имаме шанси со победа на денешниот натпревар ќе го анулираме тој пораз со Чешка и може да биде воопшто небитен. Наше е само да излеземе, да го дадеме максимумот и да се надеваме на победа – вели човекот кој ќе биде задолжен да ги брани шутевите на австрискиот двоец, Никола Митревски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот