Д Викенд ја испиша музичката историја: Неговата турнеја стана најпрофитабилна машка соло-турнеја на сите времиња
Д Викенд има повеќе причини за славење. Неговата спектакуларна турнеја „After Hours Til Dawn“ урна низа рекорди и влезе во историјата како најпрофитабилната турнеја на еден машки соло-изведувач досега, потврдувајќи го статусот на канадската суперѕвезда како една од најмоќните музички сили на денешницата.
Препорачано
Со вклучени податоци за претстојните настапи во 2026 година во Мексико, Бразил, Европа и Обединетото Кралство, до овој момент продадени се над 7,5 милиони билети. Вкупната заработка на 153 настапи надмина неверојатни една милијарда долари.
Турнејата започна во 2022 година, а Д Викенд досега настапуваше низ Северна Америка (двапати), Обединетото Кралство, Европа, Латинска Америка и Австралија
Овој огромен успех е само уште една потврда за неговата доминација во светската поп-култура. Во 2023 година, Гинисовата книга на рекорди официјално го прогласи Д Викенд за „Најпопуларен уметник на светот“.
Во исто време, неговиот мегахит „Blinding Lights“ доби дијамантска сертификација и стана песна број 1 на сите времиња на листата „Хот 100“ на „Билборд“, престигнувајќи ја легендарната „The Twist“ од 1960 година.


