Д-р Митов: Ова нема да помине брзо и треба да се адаптираме на еден полу или годишен период (ВИДЕО)

Нашиот систем е дизајниран да бидат потребни два негативни брисови. Ако се сеќавате во Србија пред некој ден оздравеa 4.000 лица. Затоа јас и често пати предупредувам да пазиме кога се компарираме со околните земји, бидејќи не верувам сосема во искреноста на околните системи за следење на КОВИД-19, изјави Митов.

Здравствените институции веќе три месеци се под голем притисок, моменталната состојба е неодржлива.

-Здравствениот систем претставува еден ланец, а некои негови алки во моментов се под огромен притисок. Градската болница 8 Септември, Клиниката за инфективни болести, Итната медицинска помош во Скопје, Институтот за јавно здравје во Скопје и Центарот за јавно здравје во Скопје. Овие институции се под драматичен притисок во континуитет повеќе од три месеци. Остатокот од здравствениот систем донекаде е поштеден. Едно е да се биде во состојба на готовност, но тоа што се случува во наброените претставува огромен притисок.

Мора да сфатиме дека моменталната состојба е неодржлива. Како да влеговме во еден грч – ајде да ја издржиме ситуацијата, ќе заврши и ќе се вратиме на старо. Ако некој така планираше веднаш треба да ја заборавиме. Мора да почнеме моменталната состојба да ја направиме одржлива. Ова нема да помине брзо, ќе се пролонгира и треба да се адаптираме на еден полу или годишен период, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Д-р Александар Митов.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот