Д-р Докиќ: Секој петти починат пациент во ковид-центрите на интерните клиники, починал истиот ден кога е примен во болница

Д-р Дејан Докиќ во гостување на „Канал 5“ / 24 септември 2021 / фото: Канал 5/принтскрин

Од околу 2.000 пациенти заразени со коронавирусот кои се лекувале во ковид-центрите на интерните клиники во изминатите шест месеци, бројот на починати изнесува 381, а дури една петтина од жртвите на болеста во овој период, починале истиот ден кога биле примени во болница, откри пулмологот Дејан Докиќ, кој е раководител на ковид-центрите на клиниките, во вечерашното гостување на телевизијата „Канал 5“.

Д-р Докиќ вели дека е факт оти голем дел од ковид-пациентите се јавуваат во болница доцна, кога состојбата премногу им се влошува, и дека тоа е еден од главните фактори кои придонесуваат за високата смртност. Сепак, има и други фактори со кои се објаснува смртноста, вели тој.

„Сведоци сме дека пациентите прво мислат дека ќе лесно ќе поминат, со горнореспираторни симптоми, меѓутоа болеста е таква што некаде од седмиот до деветтиот ден, кај некои пациенти, во зависност од статусот на нивниот имунолошки систем, може да се влошат. Значи, тие се добри, седум дена мислат дека ќе оздрават, но од седмиот до деветтиот ден може да добие друг тек клиничката слика. Тоа е во зависност од нивниот имунолошки систем – значи, доаѓаме до втората причина, а тоа е имунитетот на секоја индивидуа којашто е заразена. Ако нивниот имунитет е послаб, тој не може да се избори со вирусот. Ако, пак, имунолошкиот одговор е премногу силен, тие може да навлезат во цитокинска бура, при што голем број починуваат“, рече Докиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот