Д-р Даниловски не се согласува со советите на д-р Жан Митрев против коронавирусот

Како што неодамна изјави министерот за здравство, Венко Филипче, доктор Даниловск е стручно лице од областа на епидемиологијата, со кого што министерот се консултира во ситуацијата со коронавирусот.

Епидемиологот и поранешен министер за здравство, доктор Драган Даниловски, во изјава и опширно излагање за Мета, ги поби советите на врвниот кардиохирург доктор Жан Митрев, меѓу кои и оној, како превенција од коронавирусот да се прават инхалации.

Како што неодамна изјави министерот за здравство, Венко Филипче, доктор Даниловск е стручно лице од областа на епидемиологијата, со кого што министерот се консултира во ситуацијата со коронавирусот. Како што објави Мета, Даниловски повикал на сериозност во ова време кое човештвото за првпат го живее.

– Се наоѓаме во еден страшен предизвик. Ние буквално се наоѓаме во т.н. воена состојба, во која не смееме да направине ниедна грешка. Најмала грешка може да не` чини судбина на цел народ. Можеме да се соочиме со италијанско или шпанско сценарио, а внимавајте, тоа се држави и системи кои се далеку помоќни од една наша мала Македонија. Ние немаме право да згрешиме. Ние мораме да бидеме дисциплинирани како никој на планетава. Зборувам за опстанок, зборувам за геноцидни случувања во непосредна иднина. Затоа, од луѓе кои се лаици за епидемиологија, независно во чие име и презиме се персонифицирани, ќе кажам дека немаат право да шекулираат, злоупотребувајќи ја несреќата на народот. А граѓаните, апелирам да отворат четири очи кога некого слушаат – изјавува Даниловски за Мета.

Според Даниловски, луѓето треба да го прават единствено она што го препорачува Светската здравствена организација (СЗО) – само она што се вика социјална дистанца, оддалечување едни од други, несобирање во групи, изолирање, посебно сега, кога најновите сознанија укажуваат на тоа дека вирусот останува во воздухот три часа. Тој потенцира дека секој доктор е нормално да има општи познавања. И кардиологот е доктор, но сепак, вели, луѓето во вакви времиња треба да умеат да ги филтрираат информациите и советите кои им се нудат.

– Слушајте ги исклучиво оние на кои тоа им е работа. Сите совети и препораки на епидемиолозите се преточени во препораките кои се наоѓаат на веб-страницата на Министерството за здравство, како и на Институт за јавно здравје. Сето друго, е оставено на совеста на граѓанинот, дали ќе слуша совет да прави гаргара со сода бикарбона или да се инхалира со топла вода – изјави Даниловски за Мета.

Тој дал и детално објаснување како вирусот влегува во организмот и што се случува потоа. – Ако е точно, а е точно, дека вирусот кога ќе влезе во горните респираторни патишта си има своја патогенеза, која зависи од почетната инфективна доза и од тоа зависи брзината на развојот на настаните, тогаш, никакви интервенции однадвор со ладење или греење, со дишење или недишење на ладен воздух, нема да помогнат. Затоа, ова објаснување ми изгледа многу наивно и е на многу ниско ниво на експликација. Никакви интервенции не можат да го сопрат напредувањето на вирусот. Мит е да мислите дека ако пиете топол чај, односно ако ви е жешка устата, ќе го убиете вирусот – вели професорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот