Д-р Цана вели дека ковид-бројките на ИЈЗ не се реални: Реалноста е полоша

Д-р Фадил Цана / фото: ТВ21/принтскрин

Инфектологот д-р Фадил Цана вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 изјави дека бројките на заразени кои ги дава Институтот за јавно здравје во своите извештаи, не се реални.

Тој вели дека реалноста е полоша.

„Сепак тоа се бројки до кои Институтот стигнува, реалноста е сосема друга. Мислам дека е посурова, мислам дека има луѓе што се инфицирани и сами со тестовите кои ги купуваат по аптеки се дијагностицираат и не се пријавуваат никаде“, вели Цана.

Цана, кој во емисијата гостуваше заедно со новиот портпарол на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ, вели дека јавните институции мора да обезбедат повеќе ПЦР тестови за граѓаните, бидејќи „интересот на јавното здравје е поголем од сѐ друго“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот