Црна Гора: Марковиќ тврди дека Кривокапиќ нема визија за предизвици

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ / POOL

Црногорскиот премиер во заминување, Душко Марковиќ тврди дека Здравко Кривокапиќ, кој се смета за нов премиер, нема визија да се соочи со предизвиците и на граѓаните веќе им навестува тешки времиња.

Кривокапиќ и претходно изјави дека државната каса е толку празна што се поставува прашањето дали ќе има средства за исплата на плати и пензии во ноември.

– За време на кампањата, повторував дека платите, пензиите и социјалните надоместоци по изборите не само што редовно ќе се исплаќаат, туку нема да бидат ниту намалени. За жал мандатарот кој се најавува, нема визија да се соочи со предизвиците и на граѓаните веќе им најавува тешки времиња, напиша Марковиќ на својот профил на Твитер.

Црногорската Влада на Твитер напиша дека и во тешка ситуација успеале да обезбедат плати, пензии и социјални трансфери.

– Многу земји се наоѓаат во неволја, како Влада мора да реагирате секој ден, соопшти црногорската Влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот