Цените на угостителските услуги останаа на исто ниво

Фото: mia.mk

Цените на угостителските услуги во ноември годинава останаа на исто ниво како претходниот месец, а зголемување од 0,1 отсто е забележано само во групата Храна.

Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во ноември во споредба со истиот месец од претходната година се зголемен за 0,5 отсто, а во првите 11 месеци од годинава пораснале за 0,4 отсто во споредба со истиот период лани.

Зголемување од 0,4 отсто цените во угостителството имаат и во споредба со декември 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот