Целата администрација да се врати на работа од 1 февруари, предлага МИОА

Администрација / Фото: МИА

МИОА предлага од 1 февруари администрацијата целосно да се врати  на работа, да нема ротации. Но, Владата не донесува одлука во врска со ова, но им препорачува на институциите во моментот кога за тоа ќе имаме и мислење од Комисијата за заразни болести, изјави денеска на прес-конференција владиниот портпарол, Муамет Хоџа, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека на вчерашната владина седница не станало збор за оваа тема бидејќи, како што рече, нема добиено мислење од Комисијата за заразни болести.

На новинарско прашање за сметководителите и нивните барања, Хоџа информира дека сите барања од сметководителите се реализираат од надлежните институции и изрази надеж дека во текот на денот или во текот на утрешниот ден ќе има одговор на нивните прашања

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот