Цела Србија полуде по Лозано

Влатко Лозановски на манифестацијата Music Awards Ceremony 2020 во Белград ја освои наградата за најдобра поп-фолк нумера, за нумерата „Мајко“.

На манифестацијата Music Awards Ceremony 2020 во Белград имаше над 500 учесници. Имаше тешка конкуренција, вели пиарот на Влатко Лозановски, Васко Спасовски во телефонско јавување во „Утрински брифинг“на „Слободна ТВ“.

Влатко Лозановски ја освои наградата за најдобра поп-фолк нумера, за нумерата „Мајко“. Победи во силна конкуренција, меѓу номинираните беа Тропико бенд, Наташа Беквалац, Антонија Шола, Илма Карахмет и Лексингтон бенд.

-Можеби организациски не беше на најзавидно ниво, но сепак ова е втора ваква манифестација по ред. Секако, морам да кажам дека постигнавме неверојатен успех. Буквално цел Белград, цела Србија се интересираше за Лозано- рече во телефонско јавување Васко Спасовски, ПР на Влатко Лозановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот