Царовска: Учебната година ќе заврши на 10 јуни, оценувањето со физичко присуство

Школската година ќе заврши на 10 јуни, а сите ученици ќе бидат оценувани со физичко присуство без оглед дали следеле настава во училница или онлајн, најави министерката за образование и наука, Мила Царовска по денешната средба со директори на основни и средни училишта во земјава

– Почетокот на учебната година вообичаено е на 1 септември, но наставната програма може да почне на 1 октомври, како што ќе биде случај сега. Ќе се работи на скратени програми што, според закон, нема да бидат под 100 часа. Бирото за развој на образованието овојпат ги скрати програмите за да може да ја завршиме школската година на 10 јуни. Наместо 180 денови, ќе имаме 159 што ќе треба да се адаптираат во програмата. Програмата е поедноставена, часовите ќе траат 30 минути и сите овие програми со упатство за употреба ќе треба да бидат доставени до училиштата во петок, рече Царовска.

Училиштата во земјава се затворени од 10 март поради пандемијата на коронавирус, а учениците ја завршија школската година со  онлајн настава, модел што наиде на критики од учениците, од родителите, но и од наставниците.

 

Министерката најави дека во фаза на подготовка е, исто така, и посебно упатство за оценување, затоа што, како што рече, „исклучително важно е дека онлајн наставата да даде максимален квалитет. Истото ќе се спроведува со физичко присуство, во групи, секако доколку епидемиолошката состојба во општините тоа го дозволува тоа. 
Царовска вчера кажа дека училиштето ќе може да формира класови до 20 ученици, доколку има услови за запазување и почитување на протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести. Ова се однесува на средните и на основните училишта од четврто до деветто одделение.
Дел од директорите на денешниот состанок истакнаа дека во нивните училишта има услови за организација на настава со физичко присуство за сите одделенија, но само доколку родителите се решат за таков модел. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот