Цуцули повторно во Шкендија: Верувам дека ќе ја вратиме шампионската титула

Ардијан Цуцули потпиша договор на една година со ФК Шкендија/Фото: kfshkendija.com

Денеска фудбалскиот прволигаш Шкендија ја информираше јавноста дека нов играч на клубот е Ардијан Цуцули (35).

Искусниот одбранбен фудбалер потпиша договор на една година со тетовските „црвено-црни“ со кои ги имаше и најголемите успеси во кариерата.

После четири години Цуцули се враќа во Шкендија, за оваа екипа настапуваше во периодот од 2015 до 2018 година. Со тетовскиот тим двапати беше шампион на Македонија, а има и по еден трофеј во националниот Куп и Суперкуп.

Пред да се врати во клубот, играше во Албанија за Кукс и во Косово за Дрита. Во кариерата беше дел и од Партизани Тирана, Велазерими, Победа и Милано од Куманово. Запиша и шест настапи за македонската А репрезентација.

– Кога станува збор за Шкендија, нормално секое враќање е емотивно. Духовно сум поврзан со Шкендија бидејќи најславните години во кариерата ги поминав како фудбалер носејќи го дресот на Шкендија. Еве се враќам во мојот дом, тука имам и соиграчи со кои во минатото игравме заедно во Шкендија. Со Шкендија првпат бевме прогласени за шампиони во 2011 година и верувам дека оваа година заедно ќе ги оствариме нашите цели и ќе ја вратиме шампионската титула – рече Цуцули за клупскиот сајт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот