Цуцли за бебиња итно се повлекуваат од српскиот пазар поради хемиски ризик

Националната организација за потрошувачи (НЕПРО) денеска на веб-страницата на Министерството за внатрешна и надворешна трговија на Србија објави дека итно ги повлекуваат цуцлите на компанијата „Курапрокс“ од пазарот поради хемискиот ризик, објави Танјуг.

Станува збор за сериите 006, 007, 008, 009, 010 и 011, а производот е спакуван во картонска кеса/кутија.

Пред два дена беше објавено дека лабораториските тестови од чешката организација на потрошувачи „dTest“ откриле присуство на хемикалијата бисфенол А (BPA) во цуцлите произведени од „Curaprox“, како и во брендовите „Philips“, „Sophie la Girafe“ и „Foshan City Saidah“, објави „Guardian“.

Медиумите известуваат дека хемикалиите што содржат BPA се поврзани со нарушен сексуален развој, дебелина и зголемен ризик од рак.

Иако сите цуцли се означени како „без BPA“, тестовите покажаа присуство на хемикалијата во четири производи, при што највисока концентрација е забележана во цуцлата „Curaprox“ „Grow with love“, која според стандардите на ЕУ ја надминува дозволената граница.

Curaprox ги повлече засегнатите серии од пазарот и понуди враќање на парите. Регулативата на ЕУ ја забранува БПА во шишенцата за бебиња, но ограничувањата за цуцлите остануваат помалку строги, што предизвикува загриженост кај експертите за безбедност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот