Лука Вилдоза како играч на Басконија играше против Црвена звезда/фото: EPA-EFE/David Aguilar

Црвена звезда ангажираше засилување од НБА лигата

Аргентинскиот плејмејкер Лука Вилдоза (27 години, 191 сантиметар) е новиот играч на српскиот кошаркарски гигант Црвена звезда.

Репрезентативецот на Аргентина и поранешен бек на Басконија и Милвоки бакс, денеска потпиша договор на две години за белградските „црвено-бели“.

Првите кошаркарски чекори ги имаше во Килмес во родната земја, но „експлодираше“ играјќи пет сезони за шпанската Басконија во која се истакна со огромната борбеност, одличниот преглед на игра и несебичност.

Најголемиот успех со клубот од Виторија во 2020 година која ја освои титулата шампион на Шпанија, додека со националната селекција една година порано стигна до сребрениот медал на Светското првенство во Кина.

Вилдоза е ианку првиот Аргентинец во историјата на КК Црвена звезда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот