Црна Гора ги прегази кошаркарите на селекторското деби на Јончевски

Фото: КФСМ

Кошаркарската репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз од 36 поени разлика (53:89) од Црна Гора во пријателскиот натпревар што се играше во Бар, а кој за „црвено-жолтите“ претставува проверка пред стартот на преквалификациите за пласман на ЕП 2025.

Овој натпревар воедно претставуваше селекторско деби на Александар Јончевски кој го наследи Драган Бајиќ на клупата по лошите кваликации за пласман на СП 2023 година.

Сите дилеми околу победникот беа решени по само десет минути игра кога Црна Гора направи преднист од 18 поени (11:29). На полувреме се замина со идентична разлика (27:45), но третата четвртина започна со неверојатна серија на Црногорците од 0:16 за убедливи 27:61.

Најефикасен во редовите на Македонија беше Дамјан Робев со 10 постигнати поени, додека кај Црна Гора која се подготвува за настап на Евробаскетот се истакнаа Михајловиќ со 14, Дубљевиќ и Николиќ со по 13 постигнати поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот