ЦЈЗ за Слободен печат: Стомачниот вирус, симптом за ковид

Тестови за ковид / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Сè повеќе деца и возрасни кои изминативе денови се пожалиле на стомачни тегоби, по направени анализи и испитувања, се покажало дека се позитивни на коронавирус. Ова за „Слободен печат“ го потврди раководителката на секторот епидемилогија во Центарот за јавно здравје, Љуљзиме Бајрами.

– Ние и порано суспектните на ковид ги прашувавме дали имаат стомачни проблеми, односно дијареа и повраќање, но сè до неодамна ретко некој позитивно одговараше на ова прашање од анкетниот прашалник. Забележуваме дека изминативе десетина дена се поголем е бројот на граѓани кои лекар посетуваат поради стомачни тегоби, а откако матичните лекари ќе ги препратат на дополнително испитување, се потврдува дека се позиитивни на ковид, вели д-р Бајрами.

Таа нагласува дека помеѓу пациентите е значително зголемен бројот на деца кои посетуваат училиште.

– Можам да кажам дека се бележи зголемување на бројот на деца од училишна возраст кај кои зачестено се појавуваат симптоми на стомачен вирус. Вирусот е проследен со покажена температура. Апелирам до родителите да не чекаат и веднаш да се јават кај матичните педијатри, за понатамошен третман.

Д-р Бајрами порачува граѓаните да не ги занемаруваат стомачните тегоби.

– Апелирам до граѓаните, покрај веќе познатите симптоми на коронавирус, како кашлање, покачена температура и губење на сетилата за мирис и вкус,  да не ги занемарат и стомачните симптоми, нагласува д-р Бајрами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот