Александар Пушкин и неговата сопруга Наталија Николаевна во Аничковата палата во Санкт Петербург Слика, 1935/37, од Николај Павлович Улјанов (1875–1949)/akg-images / Profimedia

Цитати од Пушкин: Љубовта е мечта на младоста, но брачниот јарем не е игра

Александар Сергеевич Пушкин (1799 – 1837) е еден од најголемите руски писатели и поет на романтизмот, како и основач на модерната руска книжевност. Пушкин ја објавил својата прва песна на петнаесетгодишна возраст, додека сè уште бил студент, во списанието „Европски гласник“. Меѓу неговите најважни дела се „Евгениј Онегин“, „Руслан и Људмила“, „Кавкаски затвореник“, „Браќа разбојници“, „Борис Годунов“, „Цигани“, „Ода на слободата“…

Во продолжение прочитајте некои од неговите најинтересни цитати.

Колку помалку ја сакаме жената, толку повеќе ѝ се допаѓаме.

Љубовта е капка небесна роса што небото ја истура во калта на животот за да ја заслади неговата горчина.

Тешко е да сакаш некого, уште потешко е да не сакаш никого, а најтешко е да најдеш сакана личност која те сака.

Љубовта е навика на душата.

Те сакав: љубовта можеби не згаснала уште во мене сосема… Но не сакам ништо веќе да те вознемирува. Те сакав тивко, без надеж, изморен од срамежливост, изморен од љубомора. Те сакав толку искрено, толку нежно, дај Боже некој друг да те сака така.
– Од песната „Те сакав“

Мигот на љубовта трае еден миг, но споменот за неа – цел живот.

Да се љуби – значи да се живее.

Љубовта е мечта на младоста, но брачниот јарем не е игра.

Илузијата што нè издигнува ни е помила отколку вистината што нè соборува.

Но, кого да сакаме? Кому да веруваме и кого да штитиме? Кој нема да нè изневери на крајот? Кој ќе биде доволно љубезен да ги мери нашите дела и зборови со вистинска мерка?

Живеам за да ги закопам моите желби.

Подобро е да сонуваш многу неостварени соништа отколку да не сонуваш воопшто.

Сè додека постои едно срце на оваа земја во кое сè уште живеам, споменот за мене нема да умре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот