Мирослав Мика Антиќ - Фото: Инстаграм/МИрославмикаантиќ

Цитат на денот | Мирослав Мика Антиќ: „Луѓето се почитуваат со зборови, а се сакаат со молчење“

Цитатот на Мирослав Мика Антиќ нѐ потсетува што најмногу може да нѐ повреди. 

Денес секојдневието е преполно со зборови. Сакајќи или не, многумина од нас се соочуваат со груби и остри зборови. Обичниот физички удар не остава толку длабока трага, колку што тоа може да го направи една реченица кажана во бес или омраза.

Зборовите го опишуваат токму тоа што, според него, е посилно од убодот на заб:

„Не се плашам од забите, забите се помеки од усните. Забите касаат за момент, а усните за целиот живот“.
– Мика Антиќ, познат српски поет

Со овој стих, Мика Антиќ нѐ потсетува дека физичката болка поминува, но зборовите остануваат. Кусиот кас на заб трае само момент, додека кажаниот збор особено ако е тежок, груб или изречен во бес, може да остави трага цел живот.

Усните симболизираат говор, а говорот е моќ. Со него можеме да охрабриме, да пружиме топлина и да лекуваме, но и да повредиме подлабоко отколку со било каков физички удар.

Овој цитат нѐ повикува на одговорност за зборовите што ги изговараме и нѐ потсетува дека благоста често е најголемата сила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот