Фото: МИА

Ципрас ќе формира партија на 26 мај

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска потврди дека ќе фомира нова партија. Промоцијата на партијата е најавена за 26. мај, и со тоа и официјално ќе се врати во политиката, пишува „Катимерини“.

„Не можев да останам во тишина, туку имам одговорност да помогнам во враќањето на стабилноста и нормалноста во Грција. Потребна е владејачка левица, која ќе биде фокусирана на практични решенија. Не сакам да водам партија со комплементарна улога, туку да го пренасочам правецот на политиката“, рече Ципрас претходниот месец.

Ципрас презентираше долг политички манифест за тоа како левицата би можела да се врати на власт во Грција, изготвен од работна група во неговиот Институт „Алексис Ципрас“, фокусиран на „обединување на трите главни тенденции во современата левица: социјалдемократите, радикалната левица и зелените“.

Следните парламентарни избори во Грција ќе се одржат идната година, а на нив би требало да учествува и новата партија на Ципрас.

Ципрас беше премиер од 2015 до 2019 година, а во 2023 година поднесе оставка од неговата партија „Сириза“ по убедливиот пораз на парламентарните избори.

ВИДЕО | Грција: Алексис Ципрас поднесе оставка од функцијата пратеник на Сириза

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот