Чувар во уметничка галерија нацртал очи на слика вредна милион долари, му било здодевно

Сликата во руската галерија која била оштетена од страна на чуварот/ Фото Youtube screesnhot

Чувар во руска уметничка галерија вандализирал авангардна слика позајмена од најголемото уметничко складиште во земјата, со тоа што нацртал очи на фигури кои намерно се претставени без црти на лицето на сликата. За среќа, реставраторите велат дека штетата може да се санира, пишува Би-би-си.

Центарот „Елцин“ во Екатеринбург соопшти дека вандалскиот напад на сликата „Три фигури“ на Ана Лепорска се случил на 7 декември. Се наведува дека осомничениот виновник работел во приватна фирма која ја обезбедувала галеријата.

 

Сликата, која датира од 1930-тите, прикажува три глави со коса, но без црти на лицето. Стражарот решил со хемиско пенкало да нацрта очи на двете лица. Центарот Елцин објави дека сликата е испратена на реставрација во Државната Третјаковска галерија во Москва.

Рускиот информативен сајт РБК објави дека е покрената кривична постапка по обвиненија за кои се заканува казна затвор до три месеци. Сликата наводно вредела 74,9 милиони рубли (приближно еден милион долари).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот