Градежна офанзива во Дебар маало / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Чувар на објект во изградба украл два километри бакарни кабли вредни 200.000 евра

Вработен како обезбедување украл 2 километри бакарни кабли вредни 200.000 евра од градежен објект во изградба, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, каблите се користеле за градежни работи на подземен булевар.

„На 10 февруари 2026 година, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода Т.М. (68) од Скопје, вработен како обезбедување, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Според пријавата, во период од еден месец од објект во изградба на подрачјето на Центар се одземени два километри бакарни кабли, со проценета вредност од околу 200.000 евра. Каблите се користеле за градежни работи на подземен булевар“ соопшти МВР.

Извршен е увид од екипа на СВР Скопје, а против осомничениот ќе следува соодветна пријава по целосно документирање на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот