Иван Чупиќ/ RK Vardar 1961

Чупиќ: За Вардар е најважно да започне со победа во Европската лига на ЕХФ

Ракометниот клуб Вардар 1961 во вторник го започнува настапот во Европската лига на ЕХФ, а за прв противник во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје со почеток од 18.45 часот го има Сесвете од Хрватска во рамките од групата „Ф“.

Своите очекувања за претстојниот дуел на денешната прес-конференција ги сподели тренерот на Вардар 1961, Иван Чупиќ кој порача за екипата оди чекор по чекор, но со големи амбиции и јасна цела – да стигне што подалеку во Европа:

– Вардар секогаш има победнички аспирации, без разлика каде игра. Ова е клуб со голема историја и знаеме дека мора да испорачаме резултат. Сесвете е млад и борбен тим, но ние играме дома, пред нашата публика, и тоа мора да биде предност. За нас е најважно да започнеме со победа, да собираме бодови и да одиме нагоре – истакна Чупиќ.

Тој додаде дека македонската Суперлига е моментално најизедначена во регионот, со многу силни тимови и неизвесни натпревари, што според него го подготвува Вардар за европските предизвици.

– Самодовербата расте, екипата добива облик, а секој меч е нова можност да покажеме што значи да се носи овој дрес – додаде хрватскиот стратег.

Скопските „црвено-црни“ ја бараат поддршката од навивачите и љубителите на ракометот, билети за споменатиот натпревар има онлајн на следниот линк ТУКА, а воедно можете да купите билети и пред главниот влез на салата, секој ден од 10.00 до 17.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот