Чулев ги поздрави Турците на турски јазик (ВИДЕО)

Во рамки на денешната посета на СВР Струмица техничкиот министер Наќе Чулев го посети малото каде што живеат етнички Tурци. Ги поздрави со зборовите Iyi Gunler. Hepsine cok selamlar diyorum. Cok memnum ki sizinle beraber burdayim.

Ми беше чест да го посетам овој дел од градот, но и од таму испратив порака дека граѓаните не треба да подлегнуваат на било какви притисоци и ги охрабрив да излезат да гласат, а со тоа да ја обезбедат својата иднина. Упатив порака до сите граѓани кои ќе бидат предмет на поткуп, закани и уцени истите да ги прiјават во Министерството за внатрешни работи, казните за кривичните дела поврзани со изборите се ригорозни и се движат од шест месеци до 10 години- вели Чулев во изјавата за медиумите.

Важно е граѓаните да знаат дека Министерството за внатрешни работи, потенцираше тој, со зголемен број на полициски припадници ќе ги покрива критичните региони и со тоа ќе обезбедиме фер, мирни и демократски избори.

На новинарско прашање за случајот во Штип со откриените лични документи на граѓани во продавница во Штип и за коментар на изјавата на дополнителната заменичка министерка, Славјанка Петровска, која рече дека не станува збор за изборен поткуп, министерот Чулев рече случајот го работи Ојо Штип.

-Се работи за случај кој се работи со ОЈО. Значи, пријавата до ОЈО-Штип е потпишана и од началникот и од дополнителниот заменик началник и согласно сознанијата кои што се наведени во пријавата, односно во документот доставен до обвинителството, е точно наведено дека се работи за изборен поткуп. Впрочем, истргата ќе го покаже и ќе го докаже тоа. Во моментот се собрани материјални докази во смисла на сите биометриски и други документи и исто така има и листа на граѓани каде што се заведени кој колку должи. Во тек се разговори со сите оние граѓани на кои им се одземени личните документи и тие во изјавата ќе си дадат и ќе укажат за што точно се работи, односно да го потврдат она за кое се работи. Во моментот сите оперативни сознанија и добиени материјални докази укажуваат дека се работи за поткуп, а во однос на изјавата на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска немам коментар. Мислам дека е политички мотивирано, таа е кандидат за пратеник на изборна листа, одговори министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот