• турски

Работник од Турција тешко повреден на градилиште во Карпош

Вчера во СВР Скопје, од приватна болница било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен И.Д.(27) од Република Турција. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи на објект во изградба на подрачје на Карпош. Увид бил извршен, а за настанот бил известен и трудов инспектор.