Фото: EPA/MOHAMMED BADRA

ВИДЕО | Чудесно полуфинале во Париз, каков спектакл — девет голови на мечот ПСЖ – Баерн

Денеска во првиот натпревар од полуфиналето во фудбалската Лига на шампионите екипата на ПСЖ на домашен терен со 5:4 го совлада Баерн Минхен.

Фантастичен меч исполнет со голови на „Паркот на принцовите“ во Париз, по првото полувреме, Французите имаа предност од 3:2.

Германците први поведоа во 17 минута со голот на Кејн кој беше прецизен од белата точка. Во 24 минута домаќинот успеа да израмни преку Кврацхелија.

Во 33 минута ПСЖ за прв пат доаѓа во водство благодарение на погодокот на Невес, нов егал видовме во 41 минута откако стрелаше Олисе.

Непосредно пред паузата во судиското надополнување (45+5`) ПСЖ ја врати предноста со голот на Дембеле од пенал.

За 4:2 се погрижи Кварацхелија со неговиот втор гол на средбата, а само 120 секунди подоцна и Дембеле стана двоен стрелец.

Баварскиот гигант не се предаваше и со два нови гола го остави во неизвесност овој двомеч пред возвратниот дуел со головите на Упамекано во 65 и Дијаз во 68 минута.

Реваншот помеѓу Баерн Минхен и ПСЖ ќе се игра на 6 мај со почеток од 21.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот