Членките на ЕУ одобрија примена на нова методологија за проширување за Србија и Црна Гора

Оливер Вархеји / Фото: EPA

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархељ соопшти дека земјите-членки на Европската унија дадоа зелено светло за примена на ревидираната методологија за проширување за Србија и Црна Гора, откако двете земји ја прифатија.

– Целта е процесот да се направи поверодостоен, предвидлив, подинамичен, со посилно политичко управување, напиша Вархеји на Твитер.

Комитетот на постојани претставници – Корепер 2 денеска одржа состанок, а проширувањето беше една од темите на дневниот ред. Советот за општи работи, на кој министрите исто така ќе бидат информирани за процесот на проширување и стабилизација и пристапување кон ЕУ, е закажан за 11-ти мај, објави порталот Европски Западен Балкан (EWB).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот