Фото: Screenshot/Тwitter

Чиро Имобиле имал сообраќајна несреќа, трамвај поминал на црвено

Капитенот на Лацио, Чиро Имобиле учествувал во сообраќајна несреќа во Рим, но за среќа не е потешко повреда.

Според првите информации кои ги објави „Газета дело Спорт“, трамвајот број 19 преминувал преку мостот Матеоти кој се наоѓа на само неколку километри од стадионот на Лацио.

Неколку лица од трамвајот се полесно повредени, а едно лице било пренесено во болница. По незгодата се огласи и фудбалерот.

„Трамвајот помина на црвено. За среќа ја сум добро, имам само болки во раката“, изјавил капитенот на Лацио.

Лацио обврските во Серија А ги продолжува следниот викенд откако во петокот славеа против Специја, Имобиле во тој натпревар беше стрелец на првиот гол. Во следниот натпревар тимот предводен од Маурицио Сари ќе се соочи со Торино, а по деталните прегледи на докторите ќе биде познато дали Имобиле ќе биде во комбинација за настап на тој натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот