Плакат и програма на музичкиот фестивал во Штип

Четвртото издание на меѓународниот „Фестивал за современа музика“ со три концерти ќе се одржи во Штип

Новото издание на „Фестивал за современа музика 2026“ е посветено на промоција на светското и на домашно исполнителство и творештво. Во рамките на овогодишната програма фестивалот, во својот традиционален пролетен термин од 12 до 14 мај, ќе понуди три камерни концерти, на кои ќе настапат реномирани странски и домашни уметници кои своето уметничко реноме го градат на светските концертни подиуми.

Просторот на Уметничката галерија „Безистен“ во Штип овојпат ќе го облагородат звуците на познатиот камерен состав „Трио Академико“, кои го чествуваат својот 15-годишен јубилеј на концертна активност на класичната сцена. Македонската тројка е составена од истакнатите уметници: Златка Митева – флејта, Бранко Павловски – кларинет и Наташа Трбојевиќ – пијано, кои што ќе го отворат фестивалот на 12-ти мај.

Американското дуо Вилијам Блејни – кларинет и диригент и Пет Такахаши – ес кларинет, доаѓаат од Сиетл, Орегон, со долгогодишно искуство како професори на престижниот Универзитет Мариленд во Балтимор, САД. Тие на втората концертна вечер, на 13-ти мај, ќе настапат со ансамбл кларинети. Концертите ќе донесат богата, нова и свежа музичка програма, вклучувајќи и премиерни дела, со што Штип ќе го донесе духот на новото музичко живеење во светот.

Во рамките на својата редовна концертна програма „Фестивал за современа музика 2026“ традиционално ќе го отстапи својот подиум и на младите уметници, под наслов „Вечер на подиум на млади“ со цел нивна промоција и афирмација на почетокот на нивната концертна кариера.

Можноста да го претстават својот талент на професионално ниво е особено значајна за младите музичари и нивниот понатамошен развој и напредок на уметничкиот пат. На третата концертна вечер на 14-ти мај ќе настапат студентите на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Фестивалот се одржува со поддршка на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Министерството за култура и туризам на РС Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот