Четврток со ТОП КНИГА од издавачкиот центар „Херои“: Малиот принц

Малиот принц е приказна која не потсетува дека е многу потешко да си судиме себеси отколку да им судиме на другите. Ако успееме да се разбереме вистински, тогаш навистина сме личности со вистинска мудрост.

Нурнете во филозофска дискусија за љубовта, пријателството и животот.

Малиот принц од Антоан де Сент-Егзипери е приказна која се пренесува од генерација на генерација откако е објавена, пред повеќе од 60 години. Оваа бајка е повеќе од книга за деца: Малиот принц е лекција за животот.

Малиот принц е безвременска приказна. Не навраќа на детството, фантазијата и неизбежноста да се порасне. Пилотот во приказната ја губи нишката со детето во себе. Потребна е авионска несреќа, престој во пустина и време поминато со малиот принц за да повторно го пронајде детето во себе. Читајќи ја никогаш нема да почувствувате дека е пишувана за деца.

Малиот принц содржи безброј животни лекции – ќе научите за љубовта и смеата, за соживување и дружење. Книга која морате да ја прочитате неколкупати во вашиот живот.

Малиот принц нé учи за грижата кон другиот – самиот грижејќи се најдобро што може за својата сакана роза. Давајќи го своето време и трпение, учи како вистински да се грижи за неа. Времето потрошено за твојата роза е она што ја прави да биде значајна.

Се надеваме дека ќе уживате во нашиот избор за втора книга во оваа колекција и ќе го разбудите детето во себе или пак во вашите најблиски.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот