Стефан Богоев / Фото: Слободен печат / Методи Здравев

Четворица се приведени под сомнеж дека местеле тендери на Царина – претрес и во домот на Стефан Богоев

Неофицијално, станува збор за сериозен финансиски криминал тежок околу 350.000 евра.

Четворица денеска се уапсени во обемна акција на Управата за финансиска полиција, насочена кон откривање и документирање на финансиски криминал и корупција.

Неофицијално, станува збор за сериозен финансиски криминал тежок околу 350.000 евра.

Поранешниот директор на Царинската управа и поранешен градоначалник, Стефан Богоев, е меѓу четворицата опфатени во денешната акција на Управата за финансиска полиција, во чиј дом се врши претрес, дознава „Слободен печат“.

Од Управата информираат дека акцијата се спроведува врз основа на предистражна постапка, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Според првичните информации, постојат основи на сомнение дека службени и други лица ја злоупотребиле својата функција, влијание и општествена положба за стекнување противправна имотна корист од големи размери.

Во текот на денот, по наредби издадени од судија на претходна постапка, се вршат претреси во домови, деловни објекти и кај граѓани на повеќе локации низ државата.

Од Финансиската полиција посочуваат дека активностите се дел од поширока истрага за повеќе кривични дела од областа на финансискиот криминал и корупцијата. Во согласност со насоките на надлежниот јавен обвинител, приведени се повеќе осомничени лица, а истрагата продолжува.

Дека е во тек голема полициска операција, потврдуваат и од Обвинителството.

„Под координација на ОЈО ГОКК , Управата за финансиска полиција спроведува акција поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела од коруптивна природа, информира Обвинителство.

Надлежните најавуваат дека по завршување на дејствијата ќе бидат соопштени дополнителни информации за случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот