Сообраќајка Стража
Фото: илустрација / Слободен печат

Четворица охриѓани се повредени во тешка сообраќајна несреќа накај Стража

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера попладне на патот од Гостивар кон Кичево кај селото Сретково, на искачувањето кон превојот Стража, кога автомобил „Мерцедес“ удрил во потпорен ѕид, соопшти МВР.

„На 19.08.2025 во 17:10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на с.Сретково, патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(54) од Охрид, удрило во бетонски потпорен ѕид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничката Л.Ј.(52) и сопатникот С.Ј.(25), двајцата од Охрид, додека со телесни повреди се здобиле возачот и уште една сопатничка С.Ј.(18) од Охрид, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот