Четворица арамии украле ограда од мост кај затворот во Штип

Затворот во Штип Фото: МИА

Вчера на регионалниот пат Штип – с.Драгоево, штипски полицајци ги уапсиле Е.С.(20), Е.С.(33), Е.Д.(32) и Е.С.(30), сите од градот, соопшти МВР.

„Тие околу 13:50 часот со употреба на сила демонтирале и одзеле метална ограда од мост помеѓу Казнено-поправната установа Штип и с.Драгоево. Украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени“, се вели во полициското соопштение.

Од МВР додаваат дека по комплетирање на случајот, против крадците ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот