Четири години суспензија за бугарскиот фудбалер кој допингуван постигна гол против Македонија Ѓ.П.

Фото: CSKA Sofia FC

Бугарскиот фудбалер од редовите на ЦСКА Софија, Георги Јомов и официјално доби суспензија од четири години за неговиот позитивен допинг-тест по натпреварот против Македонија Ѓорче Петров.

Крилиниот фудбалер беше суспендиран на 25. август кога УЕФА по направените тестови открила дека е позитивен на дехидрохлометилтестостерон. Станува збор за недозволена супстанца која е повлечена од продажба уште во 90-тите години. Фудбалерот беше тестиран на 28. јули после натпреварот против Македонија Ѓорче Петров во Софија на која Јомов и постигна гол за ЦСКА Софија.

До денес отворена беше истрагата, а на крајот суспензијата е потврдена.

„УЕФА денеска донесе одлука за суспендирање на спортските права на Георги Јомов за период од 4 години. Се смета дека казната стапила во сила од 25.08.2022 година. Во изминатите 7 месеци клубот и нашите меѓународни адвокати беа непропустливи од страна на Јомов и ги вложија сите можни напори да му помогнат на фудбалерот да ја намали санкцијата. Георги Јомов ќе поднесе жалба на одлуката“, објавија од бугарскиот клуб.

Сепак, УЕФА има цврсти докази и мали се шансите да има промена во изречената казна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот