Бодо - Интер/Fotballklubben Bodø/Glimt

Четири екипи вечерва ќе слават осминафинале во ЛШ – Интер има тешка задача да спречи сензација

Вечерва во Лигата на шампионите се играат првите реванш-натпревари од плејофот за место во осминафиналето, а од четирите средби што се на програмата, најмногу внимание привлекува дуелот во Милано, каде што Бодо/Глимт гостува со предност од 3-1 од првиот натпоревар.

На северот на Европа, Бодо одигра одличен натпревар и си обезбеди солидна предност пред гостувањето во Милано. Сепак, норвешкиот стратег Кјетил Кнутсен порачува дека неговиот тим нема намера да се брани.

„Не смееме да мислиме само на одбраната. Подобро е да излеземе како резултатот да е 0:0, наместо да се повлечеме предлабоко. Потребен ни е баланс, ако сме премногу дефанзивни, ќе се откажеме од контранападите. Сите мора да учествуваат во одбраната, но и заедно да напаѓаме. Тоа е нашиот начин на размислување“, изјави Кнутсен.

Од другата страна, Киву на клупата на Интер е свесен дека неговиот тим мора да покаже сосема поинакво лице ако сака да остане во елитното натпреварување.

„Можевме да направиме повеќе и разочарувањето е големо. Сепак, успеавме да се ресетираме. Сега сум фокусиран на нашиот пристап и самодоверба да бидеме најдобрата верзија од себе и да веруваме дека можеме да ја свртиме ситуацијата“, порача Киву.

Лига на шампиони, реванш-натпревари од шеснаесетина финалето:

Реванш плејоф натпревари:

18:45: Атлетико Мадрид – Клуб Бриж (3-3)

21:00 Интер – Боде (1-3)

21:00: Баер Леверкузен – Олимпијакос. (2-0)

21:00: Њукасл – Карабах (6-1)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот